Принцот Хари не сака американско државјанство, а не побарал ни Зелен картон, еве како тогаш ќе работи во САД

Пред неколку недели, принцот Хари, Меган Маркл и нивното синче Арчи ја напуштија Канада за да се преселат трајно во Лос Анџелес.

Иако нема проблеми за Меган и Арчи затоа што обајцата имаат американско државјанство, ситуацијата на принцот Хари е малку поинаква.

Всушност, ако војводите од Сасекс решат навистина да ја направат Америка свој дом, Хари би можел да аплицира за државјанство. Според гласините, сепак, ова апсолутно не е негова намера.

Принцот Хари би добил лесно американско државјанство. Технички гледано, принцот Хари, откако се ожени со Меган Маркл, има право да аплицира за државјанство.

Законот цели дека кога ќе стапите во брак со државјанин на Соединетите Држави, вашиот сопружник може да аплицира за државјанство (или двојно државјанство, ако не сака да се откажете од државјанството кое веќе го има).

Да се биде во брак со Американка (како во случајот со Хари) го олеснува престојот во САД и непосредно се добива зелен картон и, следствено на тоа, се добива и државјанство. Сепак, секогаш е потребно да се аплицира со барање.

Како ќе работи Хари, без Зелен картон и државјанство, во Соединетите држави? Според проценките на „Сандеј тајмс“, војводата од Сасекс има економска вредност од над 36 милиони американски долари, што го квалификува за одреден вид виза, достапна само за претприемачи кои сакаат да инвестираат во Соединетите држави.

Конечно, постои и можност тој да добие виза О-1 за „лица со вонредни способности или достигнувања“. За да ја имате оваа виза, треба да докажете дека навистина можете да постигнете многу високо ниво на резултати во вашиот сектор, што во случајот на Хари е веројатно филантропијата или нешто слично.

 

x

Check Also

Свечено отворање на новата книжарница на „Литература.мк“ во „Скопје сити мол“

Скопје ја доби најголемата книжарница во Македонија! Новата суперпродавница на „Литература.мк“, која ...