Природен рецепт против мачнина на патувањето

Значаен број на луѓе чувствуваат мачнина на патувањето, особено кога с епатува низ планински предели, свиоци, на подалечни патувања…Како на природен начин да го отстраните нагонот за повраќање при патувањата? Овој стар рецепт делува подобро од современите апчиња.

Станува збор за чајна мешавина против мачнина и повраќање, еве како да ја подготвите.

Ѓумбир – 1 кафена лажичка суб ѓумбир или сантиметар свеж корен.

Цимет – половина кафена лажичка или уште подобро еден сантиметар неиситнета кора од цимет.

Нане – две кафени лажички.

Маточина – две кафени лажички.

Ѓумбирот прелијте го со литар ладна вода, оставете да се вари две три минути додека водата зоврие. Тргнете ја водата со ѓумбир од ринглата, додадете го циметот, нането и маточината. Убаво измешајте, поклопете го садот и оставете го поклопен да отстои половина час. Процедете го и пијте од чајот пред и во текот на патувањето.

x

Check Also

Имате чести главоболки? Овој домашен лек е сè што ви треба

Кога ќе не заболе главата, обично посегнуваме за билокој лек пторив болки ...