Природен сок на база на ѓумбир кој ги топи и најупорните масти

Овој здрав природен сок од домати, лимон, ѓумбир, целер и лута пиперка е најлут непријател на мастите. Пијте од него по една чаша наутро.

Сите пет состојки со кои се подготвува оваа моќна напивка за слабеење помагаат во забрзувањето на метаболизмот, а од нив се разложуваат и најупорните маснотии наталожени на критичните делови од телото.

Доколку го пиете сокот секојдневно со умерена исхрана, резултатот –  неколку килограми помалку за еден месец е загарантиран. Дополнително овој сок ќе ги надополни изгубените течности од телото во текот на жешките денови.

За една чаша сок (220 милилитри) потребно е – 1 филџан сок од домати (без шеќер),  2 стебленца целер , ¼ чаша сок од лимон , 1 лажичка ѓумбир (рендан или во прав),  1 лута пиперка (наместо лута пиперка може да додадете половина лажичка црн пипер).

Подготовка – Помешајте го сокот од домати со сокот од лимон, ѓумбирот и толчената лута пиперка (или црниот пипер). Добиениот сок претурете го во висока стаклена чаша и украсете го со целерот. Пијте го полека и грицкајте го целерот.

Од оваа напивка може да направите поголема количина која ќе биде доволна за неколку дена, односно за пет чаши сок. Чувајте ја во фрижидер.

x

Check Also

Nike ќе продава „екстра ларџ“ градници за вежбање

Земајќи го предвид здравиот живот и поттикнување на спортски активности кај гојазната ...