Цвеклото е есенска манирница со сладок вкус, содржи мининални калории, но големи нутритивни вредности.
Сокот од цвекло содржи фитонутриент по името беталин, кој помага во процесот на детоксикација на организмот. А кога вашето тело ќе ги елиминира токсините на вистински начин, тогаш подобро и побрзо ја вари храната која ја внесуваме во текот на денот.
Цвеклото влијае на проширување на крвните садови а со тоа се зголемува протокот на крвта во мускулите. Подоброто снабдување со кислород и хранливи материи им овозможува на мускулите подобра работа, а добрата работа на мускулите е вусшност – забрзано согорување на килокалории.
Еве како да го подготвите свежиот сок од цвекло.
1 кг цвекло, 1 лажица мед и сок од 2 лимона. Цвеклото излупете го и ситно изрендајте го во сад, додадете го медот и сокот од лимон и помешајте. Смесата оставете ја околу три часа да отстои, а потоа исцедете ја силно гмечејќи ја.