Природни маски за нега на коса во жешките летни денови

Направете сами маски за коса со природни намирници за да ја заштитите косата од сонцето и морската сол во текот на жешките денови.

За оштетена коса

Помешајте половина банана, 100 мл вода, мала лажичка мајонез, 2 лажици мед, 1 лажица маслиново масло и 1 лажица масло од кокос или јојоба. Маската нанесете ја на коса и оставете ја да делува 1 час.  Со оваа маска ќе ја закрепнете косата оштетена од сонце.

За враќање на сјајот

Помешајте 1 јајце, 100 мл вода, 1 лажица маслиново масло, 1 авокадо (згмечено), 1 лажица мед. Нанесете ја маската на коса и оставете да делува половина час.

Хранлива маска за коса

Помешајте половина авокадо, 1 лажичка мајонез, 100 мл вода и по 1 лажица кокосово масло и маслиново масло. Оставете ја да делува на косата половина час.

x

Check Also

Нов парфем од Жан Пол Готје, ќе го обожувате!

Преубавата Дафне Груенвелд е лице во рекламната кампања на новиот парфем од ...