Природни состојки за белеење на забите

Убавата насмевка го краси лицето, особено кога од устата се гледаат бели и блескави заби. Но за блескава насмевка не мора да посетите стоматолог, туку може да примените природни состојки кои веќе ги имате дома.

Сода бикарбона

Сода бикарбоната, позната по многубројни дејства поврзани со хигиената не само за лицето, туку и за домот, е една од природните средства за белеење на забите. Нејзиниот моќен ефект на белеење овозможува да ги елиминирате и дамките и жолтенилото на забите.

Лимон и портокал

Покрај тоа што се полни со витамин Ц, лимонот и портокалот имаат и моќ за избелување на забите. Ако на забите ви се појави жолтенило од цигари или кафени дамки, решението лесно ќе го најдете во портокалот и лимонот. Како? Пресечете парченце лимон и со него истријте ги забите или пак, применувајте секое утро испирање на устата со концентриран природен сок од лимон или портокал. Потоа, устата треба темелно да ја измието со вода.

Јаболков оцет

Има дејство во белеење на забите дури и ако само секојдневно го употребувате во салата. Сепак, може да го користите за белеење на заби и преку едноставни плакнења на устата. Откако ќе ги исчеткате забите со паста за заби, продолжете со четкање нанесувајќи на четкичката јаболков оцет, а потоа исплакнете ја устата со вода. Овој метод може да го применувате најмногу 3 пати месечно.

Маслиново масло

Покрај јаболковиот оцет и маслиновото масло може да помогне во белеење на забите на природен начин. Благодарение на ниското ниво на киселост, маслиновото масло ќе го врати сјајот на забите и ќе се спротивстави на пожолтувањето на забите. Методот се состои во навлажнување на газа со неколку капки масло и нежно триење на забите. Постапката треба да се спроведува еднаш неделно и веднаш ќе ги видите резултатите – забите ќе бидат помалку пожолтени и повеќе блескави.

 

x

Check Also

Кои се и што значат супер состојките на супер лебовите на Жито Лукс

Водечкиот производител на брашно и леб на нашиот пазар, Жито Лукс, пред ...