Неколку пати објавувавме како да направите природно средство за одржување на чистотата на вашиот дом, но тоа никогаш не е доволно и ви носиме уште еден рецепт за вашиот сојузник во борбата против бактериите и нечистотиите.
Земете обична стаклена тегла од 800 мл, можете да користите и поголема.
– Наполнете ја теглата до врвот со кора од мандарина, портокал или лимон (или сите заедно)
– Наполнете ја теглата до врвот со 9% алкохолен оцет или алкохол.
– Затворете добро и оставете ја теглата 2 недели на темно место.
– После тоа, процедете го растворот преку газа или цедилка.
Истурете го растворот во шишенце за спреј и вашата течност за бришење, чистење и дезинфекција на просторијата е подготвена!
Оваа „бомба“ во ваши раце лесно ќе победи:
– каква било нечистотија на хоризонтални површини
– миризба „оставена“ од вашите миленици на теписите или мебелот
– дамки од ‘рѓа и мувла на површините во кујната
– ќе ги „светне“ плочките и стаклото од туш кабина во вашата бања
– ќе ги отстрани старите дамки на подот
– нечистотии од очила и други стаклени предмети
– одлично решение за дезинфекција на плочки, мијалници и тоалети (како и освежувач на воздухот во тоалетот и бањата).