Природно средство за заштита против комарци, само од две состојки!

Летото е пред нас, и додека на една страна се сите негови благодети кои особено ги чувствуваме на годишниот одмор, од друга страна е здодевното зуење на комарците кои кога ќе не „каснат“ уште повеќе не нервираат.

Неподносливо чешање, траги на кожата и со денови после угризот, црвенило и се останато што со овој проблем ни доаѓа. Но, лесно може да се спротиставиме на комарците и тоа со средтсво против комарци кое лесно се подготвува дома од само две состојки.

Предноста на ова средство е во тоа што е на природна база, а основата му е лавандата. Лавандата не само што ги одбива комарците, туку има преубав мирис, па воедно додека спиете ќе имате и третман на ароматерапија што поволно влијае на релаксирањето на нервниот систем и на квалитетот на сонот.

Еве како лесно да го направите ова моќно средство против комарци. Се што ви е потребно е празно шишенце со прскалка кое може да биде и поголемо. Наполнете го со направената смеса од 40 капки масло од лаванда и 100 мл дестилирана вода. Убаво измешајте и прскајте со него по телото и лицето пред спиење или по потреба, во текот на денот.

x

Check Also

Дали сте доволно флексибилни и како да ја подобрите флексибилноста?

ФЛЕКСИБИЛНОСТА КАКО БИТЕН СЕГМЕНТ ЗА ВРЕМЕ НА ФИЗИЧКАТА АКТИВНОСТ. Пишува: Маја Талевска ...