Природно вапцани велигденски јајца, со помош на овошје и зеленчук

Како да добиете убава боја на велигденските јајца без да употребите боја за вапцање? Одговорот е во овошките и зеленчукот.

Жолта – Во половина литар вода  варете кора од портокал или лимон, а може и само во водата да додадете куркума, листови од крушка или морков (од морков се добива портокалова боја). Откако водата ќе зоврие, оставете ја 30-на минути да се вари на ниска температура. На крајот додадете малку оцет.

Црвена – во литар вода додадете изрендан корен од цвекло  и поголема количина на луспи од црвен кромид. Оставете да се варат околу 50-на минути на ниска температура.

Зелена – Зелена боја ќе добиете од свеж спанаќ, исечкајте го грубо и истолчете го. Убава зелена боја може да се добие и од листови на коприва.

Сина – Исечкајте и истолчете листови од црвена зелка, сварете ги во половина литар вода и оставете ги на тивок оган уште 30 минути.

Виолетова – Оваа боја се добива од сушени боровници кои се варат во 250 мл вода (што повеќе боровници толку бојата ќе биде поинтензивна).

x

Check Also

Избрани мажите на годината за 2019 година

Мислав Галер е Маж на годината за 2019 година   Мислав Галер ...