Пристигна колекцијата есен/зима: Луис & Кларк во новата кампања за мултибрендот FASHION&FRIENDS

Момче скриено позади маската на срамежлив новинар и бестрашната репортерка се главните ликови на кампањата “When Lois meets Klark”.

Ретро љубовната приказна од легендарниот стрип за Супермен, беше основна инспирација за новата кампања за есенската колекција на најпознатиот регионален мултибренд FASHION&FRIENDS.

Ретро јунаците совршено се вклопуваат во денешното современо општество. Миксот и спојот на овие спротивни трендови оваа сезона стануваат наша модна реалност. Стајлинзите се впечатливи и ви помагаат подготвени да ја дочекате есента. Анимал и флорални принтови, со сведени аксесоари и обувки со неон и тексас детали ја најавуваат модната увертира за оваа сезона. Оваа есен е назамислива без hi-tech материјалот, кожа, тексас, свила и најфин памук.

Вашите модни комбинации и желби ќе ги потполнат брендовите: Replay, Diesel, Tommy Jeans, Guess, Steve Madden, Scotch&Soda, Desigual, Hugo BOSS, Calvin Klein, Cesare Paciotti, Premiatа и Levi’s.

Позади објективот овојпат беше американскиот фотограф Kevin S. додeка стајлингот го потпишува Кристина Беквалац и Fashion & Friends team.

Избраните модели од есенската колекција можете да ги купите во мултибренд продавницата Fashion & Friends во Скопје Сити мол како и на онлјан продавницата www.fashiongroup.com.mk

Credits:

Photographer:

KEVIN S

Styling:

KRISTINA BEKVALAC

FASHION&FRIENDS team

Models:

MILICA TOMOVIĆ ©ModelScoutingOffice

JOVICA ŠULJAGIĆ

x

Check Also

Поглед на празничната колекција на MANGO

Декемвриската сезона на празнични денови е пред нас, па време е да ...