Пристигна новата колекција во Original Marines

Во брендираната продавница Original Marines пристигна новата пролетна колекција.

Колекцијата е во знакот на смелите споеви, спорт – поп цртежите, уличниот стил, односно спојот на потполно различни духови, решителна енергија, понекогаш буновна но, истовремено и романтична.

Новитет за оваа сезона е капсулната колекција на младата сликарка Аелита Андре посветена на децата на возраст од 2 до 10 години. Аелита се смета за една од најважните уметници на денешницата, а нејзините дела се изложени низ целиот свет. Интересно е што започнува да слика на 9-месечна возраст, а само на две години ја имаше првата самостојна изложба која беше однапред распродадена. За помалку од десет години Аелита станува призната како најмлад уметник во историјата. Секако, во експлозијата на нејзиниот уметнички талент се наследените гени од  мајката Ника Калашникова, руска позната фотографка, и таткото Мајкл Андре, австралиски уметник.

Аелита Андре

Годинава популарната италијанска модна марка Original Marines може да се пофали и со новите лиценци  на Мињони, My little Pony, Нинџа желките и троловите.

Се гледаме на шопинг во брендираната продавница Original Marines во Скопје Сити мол!

 

 

 

x

Check Also

Празничен шопинг: Во Carter`s & OshKosh! попустите се сè уште во тек

Почувствувајте ја магичноста на празничниот шопинг – израдувајте ги најмилите со ново ...