Деновиве ќе биде во продажба нов парфем од Долче и Габана, The Only One 2.
Станува збор за редизајн на добро познатиот парфем The Only One, кој во новата година доби уште постраствена и неодолива миризба.
Парфемот соджри цветни ноти и овошен микс што го прави идеален за пролетната и летната сезона. Базата е од роза, темјанушка и крушка.
Во продажба ќе биде во темноцрвено шишенце од 30, 50 и 100 мл.
Заштитно лице на рекламната кампања за новиот парфем е глумицата Емили Кларк.