Пристигнува првата книга на Кејт Мидлтон: фотографии за време на пандемијата

Минатата година, фотографскиот проект „Холд Стил“, во соработка со Националната галерија на портрети во Лондон, даде јасна индикација за посветеноста што Кејт Мидлтон ја демонстрираше во борбата против ковид. Војвотката од Кембриџ сакаше да покрене важна иницијатива во заедницата, со цел да се создаде портрет на една нација во време на пандемија. И за тоа ги охрабри британските граѓани од сите возрасти да ги документираат своите искуства за време на „заклучувањето“.

Книгата „Остани смирен: Портрет на нашата нација во 2020 година“, содржи 100 фотографии избрани од самата Кејт и група експерти, (од пристигнати над 31 000 фотографии), снимени во период од шест недели меѓу мај и јуни минатата година и потоа вклучени во дигитална изложба во Националната галерија за портрети во Лондон.

Фотографиите содржат прикази  – од виртуелни роденденски забави до симболични виножита нацртани од деца, од очај на лекари и медицински сестри, до аплаузи упатени кон нив од страна на граѓаните – фотографии кои го претставуваат човечките емоции за време на пандемијата, придружени со индивидуалните приказни.

Во својот вовед во книгата, 39-годишната војвотка од Кембриџ објаснува дека сакала да користи фотографија за да создаде трајно сведоштво за секојдневниот живот во времето на ковид:

„Во иднина ќе се сеќаваме на тешкотиите со кои се соочивме, најблиските што ги изгубивме, долгиот период на изолација од пријателите и роднините и притисоците што ги претрпеа оние кои беа во првите линии на борбата„ напиша Кејт. „Но, ќе ги запомниме и позитивните страни, неверојатните гестови на љубезност, хероите и оние кои не престанаа да помагаат. И како сите успеавме да се прилагодиме, заедно, на новото нормално“.

x

Check Also

Што мислите за новиот имиџ на Џенифер Лопез, со суперкратка коса?

На насловната страница на мартовското издание на модното списание „Алур“, Џенифер Лопез ...