Приватно семејно здравствено осигурување отсега и онлајн со Еуролинк осигурување

Еуролинк осигурување за првпат на семејствата во Македонија им нуди решение за онлајн купување на полиса за приватно семејно здравствено осигурување ‒ уникатен продукт кој овозможува здравствена заштита и лекување на целото семејство во најдобрите и најмодерни приватни здравствени установи во Македонија и во Европа.
Можноста за онлајн купување на приватно здравствено осигурување за целото семејство претставува иновација за македонскиот осигурителен пазар, зад која стои модерна технологија и софистицирана техничка поддршка.

Заинтересираните граѓани можат самите во реално време да извршат процена на својата здравствена состојба, и тоа без потреба од прегледи и чекање, што, исто така, претставува нов пристап во начинот на обезбедување здравствена заштита кај нас. Процесот на пополнување на прашалник за здравствена заштита се врши електронски, безбедно и доверливо, а граѓаните добиваат осигурување или одговор веднаш.

Во интернет продавницата и на веб-страницата на Еуролинк ќе ги најдете сите потребни информации за придобивките од осигурувањето, месечната премија и условите за осигурување, сè со цел да можете да донесете одлука за добра здравствена заштита на Вашето семејство. Приватното семејно здравствено осигурување нуди три различни пакети создадени според потребите на модерното семејство и тоа: Старт, Комфор и Премиум како и 24/7 телефонска поддршка и можност за навремено реагирање во кој било дел од денот. Во промотивниот период до 15 ноември, граѓаните имаат можност да купат онлајн полиса за приватно семејно здравствено осигурување со попуст од 5% на основниот пакет.

Со оваа полиса Еуролинк покрива трошоци за сместување во приватни болници по принцип на директна исплата на болничките трошоци кон болниците, без да го оптовари семејниот буџет на своите осигуреници. Голема придобивка е можноста осигурениците да се лекуваат кај лекар и во здравствена установа по сопствен избор, што овозможува навремена и квалитетна здравствена заштита во моменти на итност. Вклучени се и сите општи и специјалистички прегледи без ограничување, како и превентивни прегледи по избор и потреба на осигуреникот. По барање на клиентите, Еуролинк осигурување ја прошири својата понуда со можност за покривање на трошоци за породување и неинванзивни пренатални тестови, како и офталмолошко и стоматолошко лекување.

Посетете ја интернет-продавницата уште денес, искористете го промотивниот попуст и самите обезбедете си целосна и квалитетна здравствена грижа за Вашето семејство во еден чекор: http://www.eurolink.com.mk/eshop_pocetna.asp

x

Check Also

Први тротинети и велосипеди за најактивните корисници на апликацијата HalkEco  

  Апликацијата HalkEco на Халкбанк  со која се стимулира пешачењето, трчањето, возењето ...