Привлечни и секси со новата колекција на костими за капење Women ‘secret

Во пријатен амбиент во Вила Ина, поглед кон Скопје, многу зеленило, базен и коктели, посетителите имаа можност да уживаат и да ги погледнат дел од моделите преку ревијата на Women ‘secret, со манекенките од модната агенција Подиум.

rev 8

За оддржување на летната, опуштена атмосфера, задолжен беше диџејот Iceberg, кој не врати во 60-тите години на минатиот век со bossa nova и lounge звуците. За уникатната шминка и фризура на моделите беше задолжен Игор Марков, а манекенките Ангела Ѓоргиева, Сара Миленковска, Моника Алексовска и Фаниа Гиачо ја претставија колекцијата пред објективот на тандемот модни фотографи Ани и Дими.

rev 2

Колекцијата на костими за капење и додатоци за на плажа од Women’ secret се одликува со разновидни модели на костими за капење кои им прилегаат на различни типови на девојки. Летната колекција има за цел да ве направи да се чувствувате привлечно, удобно и секси како никогаш до сега.

rev 3

Од фитнес сала, веднаш на пливање: Спортскиот тренд е во подем. Миксот на светли нијанси и црна боја, пресечен топ и костими за капење со висок струк и монохроматските еластични појаси ќе направат да се чувствувате секси на плажа.

Градникот на преклоп е задолжително парче за ова лето. Еднобојони или со шари, повеќенаменскиот градник со или без подметки, ќе го обликуваат телото изнесувајќи многу смел и предизвикувачки изглед. Обвиткајте се себе си во некој од многуте избори.

Ноќна бања: максимална софистицираност, гламур, инспиративен накит, монистра, срма и сјај… Вечерни костими за капење во темни бои кои ќе блескаат на залезот на сонцето.

Другата страна на бохо: боемскиот стил инспириран од фестивалите во 70-тите години никогаш не поминува незабележано. Везовите и цветниот дезен се основа на фустаните и туниките. За романтичен летен изглед изберете некој модел од овој стил.

Mix & Match костими со две лица: со или без корпи и подметки. Широки или секси „бразилски“ долен дел или пак на врзување. Безбројни комбинации за да ги добиете вашите совршени бикини.

Костими за капење со текстура: плетка, фестонирана бордура, реси… Свежа колекција, лесна за носење, женствена и слатка. Лето на текстура!

Колекцијата се одликува и со костимите со многу прерамки, бикини, срцевидни деколтеа, „бразилски“ долен дел и секако голем избор на сандали, туники и пончо, чанти за на плажа во секакви големини, ѓердани и бразлетни.

Парчињата облека за на плажа  се удобни и совршени за релаксирачките денови и истите ќе одговараат на вашата колекција костими за капење со кои ќе го комплетирате изгледот за на плажа. Долгите комбинезони се одлични за летни авантури, а пак кратките комбинизони се достапни во широк спектар на бои.

x

Check Also

Фолтин на минусни температури ја собра Битола на Зимска приказна

Синоќа во Битола со големиот концерт на Фолтин започна “Зимска приказна” проект ...