Пробајте ги методите на Шакира за рамен стомак

Од изгледот на Шакира не би можело да заклучи дека таа во јануари за првпат стана мајка. Висока е 157 см, па секој килограм отповеќе на неа уште како би се забележал. За да изгледа исто така добро како и пред бременоста таа посветено вежба, а стомачниот танц е нејзин заштитен знак.

sakira 2

Јакнејќи ги мускулите кои придонесуваат за исправеност на телото, како и раздвижувајќи ги зглобовите на природен и ненасилен начин, овој танц придонесува во исправеното држење на телото, но може и да ги олесни болките во кичмата, зглобовите или другите делови на коскено-мускулниот систем. Исто така може да придонесе во регулирањето на телесната тежина, затоа што освен што може да согори до 300 калории за еден час, мускулната активност учествува и во метаболизмот на шеќерите, мастите и белковините, а познато е и дека го поттикнува излачувањето на ендогените ендофрини, таканаречени „хормони на среќа“ во мозокот.

Многу жени имаат позитивни искуства со регулирањето на менструалниот циклус и ПМС, бидејќи за време на стомачниот танц се прават нежни движења како што се круговите и формите на осмици. Танцот може да биде и одличен начин на подготовка за породување затоа што ги зајакнува мускулите кои учествуваат во самиот процес на породувањето, но и на околните ткива кои во самиот процес на породување исто така ќе трпат големо оптоварување, додека во постнаталниот период ќе помогнат при враќањето на тонусот на абдоминалните мускули. Покрај тоа, ставањето акцент на мускулната активност на абдоменот за време на вежбањето има благотворно дејстви и во регулацијата на пробавата, проблемите со надуеност и опстипација.

Фитнес програмата на Шакира се темели на повеќечасовно танцување во текот на денот. Се разбира, тешко е да се изгледа како Шакира само со вежбање. Потребна е и здрава исхрана со разновидни производи, меѓу кои се неизбежни белковините и широка палета на овошје и зеленчук.

sakira 3

Менито на Шакира

„Вежбам секој ден и се откажав од некои јадење.  Не можеш да постигнеш ништо, ако барем малку не се жртвуваш“, вели во едно интервју Шакира.  Пејачката јаде пет до шест мали оброци во текот на денот, со што го одржува активен метаболизмот и ги намалува нападите на глад. Избегнува рафиниран шеќер и кофеин кои брзо заситуваат, но исто така  предизвикуваат апстиненционална криза веднаш по метаболизацијата. Се разбира дека бразата пржена храна не доаѓа во предвид, како ни цигарите.

Типичниот појадок на Шакира содржи резанка диња или ананас со сок од грејпфрут или портокал, тост од леб со семки и обезмастено сирење, кафе без кофеин или чај со малку обезмастено млеко

За ручек и’ сервираат бифтек на жар, шпагети со зеленчук, и салата од домати или варен спанаќ.

За вечера јаде супа од зеленчук, леќа со брокула или домати, две парчиња леб со семки, овошна салата, јаболко или праска.

За меѓуоброци пред ручекот и пред вечерата јаде овошје ( јаболко, праска или две киви) со обезмастен јогурт, сок од домати и тост од интегрален леб со обезмастено сирење.

x

Check Also

Користете ја технологијата за добро и научете основни допири за самопреглед на дојка

Со креирање на микросајтот www.pauzazapregled.mk, Телеком ја користи технологијата за добро како ...