Пробајте ја диетата на Џенифер Анистон, ефикасна е!

Оваа диета е совршена за оние кои не можат многу да размислуваат што да јадат додека се на диета, зашто моделот на исхрана е многу едноставен, а резултатот загарантиран.

Диетата може да се држи десет или четиринаесет дена, а може со неа да се симнат пет до извонредни седум килограми, се разбира во зависност на застапеноста на физичка активност. Диетата е позната меѓу холивудските ѕвезди, а нејзин најверен претставник е Џенифер Анистон.

Основата на оваа диета е краставицата која може да се конзумира во количина колку сакаме, а останатите намирници кои се јадат во овие денови се варени јајца (две јајца дневно), бело месо на скара или варено или свежа риба (150 грама на ден), 2 варени или печени компири (никако пржени) или 3 кришки интегрален леб, 500 грама свежо овошје.

Од течности се дозволени вода, чај и кафе без шеќер.  Забранети се газирани пијалоци, алкохол и слатки.

Помеѓу секој оброк може да се јаде во неограничена количина краставица.

Дневното мени може да го направите сами земајќи ја количината на горенаведените намирници.

Пример – за појадок 2 тврдо варени јајца и чинија салата од краставици, за ужинка 5 сливи, јаболко или праска во тежина од 200 грама, за ручек тост од интегрален леб, 150 грама печено месо и чинија салата од краставица, ужина шејк од краставици, за вечера овошје по избор (300 грама).

Како да ја направите салатата од краставици

Се подготвува брзо и многу едноставно. Потребни намирници се 400 грама краставица, 2 децилитри кисело млеко или јогурт, сол и доколку сакате лук.

Краставицата се лупи и сечка на мали кругови, потоа се посолува и се додава киселото млеко или јогуртот. По желба можете да додадете исечкан лук.

Како да направите шејк од краставици

Во блендер се ставаат краставици со кора претходно добро исплакнати, шака спанаќ и едно кисело јаболко. По желба може да се додаде малку ѓумбир. Добро се микса, а потоа се претура во чаша. Се пие додека е свежо зашто што подолго стои ги губи хранливите состојки.

Овој пијалок е освежителен и заситува, а изобилува од витамини, особено витамин А и К, како и со магнезиум, железо, витамин Ц, Е и Б, калциум и калијум. Накусо, се што ни е потребно за здрав организам.

x

Check Also

Диета со зелка – совршена за топење на мастите во студените денови

Како да се ослободите од вишокот килограми во текот на есента и ...