ПРОДАВНИЦИТЕ НА FASHION GROUP ГИ ОТВОРИЈА СВОИТЕ ВРАТИ ЗА КУПУВАЧИТЕ

Продавниците на сите брендови на Fashion Group низ земјава од денес се и официјално повторно отворени. Со разлабавувањето на мерките за заштита од корона вирусот и отворањето на трговските центри, продавниците на Fashion Group соодветно подготвени и опремени ги очекуваат купувачите.

За да се овозможи безбедна посета и пазарување во продавниците на Fashion Group, групацијата ќе ги потсетува купувачите на најважните мерки за нивна заштита, како и на персоналот во продавниците:

  • Задолжително носење на заштитни маски
  • Дезинфекција на рацете
  • При кашлање или кивање покривање на устата со марамче или лактот од раката
  • Одржување на безбедно растојание од 2м

Пробувањето на облеката ќе биде забрането, па сите купувачи се охрабруваат да ги пробаат купените производи во удобноста на својот дом, а доколку е потребно ќе им биде извршена замена на парчињата.

 

x

Check Also

Фешн Груп донираше на Институт за јавно здравје апарат што ќе прави тестови за Ковид-19 за 30 минути

Автоматизиран молекуларен RT-PCR апарат и тестови за детекција на корона вирусот, со ...