Продолжува кампањата на Huawei за замена на екран со попуст до 50%

Кампањата на Huawei во рамките на која може да добиете до 50% попуст за замена на дисплеј за одредени модели телефони, продолжува и оваа недела. Моделите на телефони кои се опфатени со кампањата како и сите детали за промоцијата можете да ги најдете на https://consumer.huawei.com/mk/support/screenreplacement/. Во исто време оваа недела е и последна од месец август, што значи дека сите кои денес и утре ќе го посетат сервисниот центар на Huawei, може добијат попуст од попуст 1.300 денари за поправки вон гарантниот рок. Кога ќе биде завршена поправката ќе добијат и бесплатен заштитник за екранот.

Скршен екран е настан што загрижува многу корисници. Според неодамнешното регионално истражување во над 20 земји, 63% од сопствениците на паметни телефони признаваат дека најмногу имаат страв од можно кршење на екранот и истекување на податоците. Во исто време 92% од луѓето кои мораа да го заменат расипаниот дисплеј, беа незадоволни и сметаа дека цената е премногу висока. Тогаш, што треба да знаеме пред да побараме стручна помош во случај на дефект?

Да го ставите „здравјето” на вашиот паметен телефон во погрешни раце бара висок степен на доверба. Силно се препорачува да го носите вашиот уред во овластен сервисен центар, бидејќи тогаш ќе можете да бидете сигурни дека специјалистите ги имаат потребните вештини и дека сервисот ги има потребните квалитетни делови со кои може да се реши вашиот проблем.

Квалитетот на услугата на клиентите отсекогаш бил врвен приоритет на Huawei и од оваа причина кампањата Huawei Cares компанијата ја води под мотото „Повеќе грижа за тебе“. Нејзината цел е да им помогне на корисниците да ги максимизираат различните видови проблеми. За време на поправката во сервисните центри на Huawei, режимот за одржување, кој можете да го активирате преку вашата апликација HiCare, постојано е вклучен, така што не треба да се грижите за безбедноста на вашите лични податоци.

Кампања за промена на дисплејот со попуст до 50% трае до 14 септември, а онаа со попуст од 1.300 денари за секоја поправка вон гарантен рок моментално е достапна денес и утре. Истата продолжува до крајот на годината, а попустот ќе може да се искористи секоја последен четврток и петок во месецот.

Двете кампањи се достапни доколку лично се посети овластениот сервисен центар на Huawei кој се наоѓа на бул. „Борис Трајковски“ бр.72 во Скопје. Таму, секој може да добие совет или помош за својот Huawei уред секој работен ден од 8 до 16 часот.

x

Check Also

iPhone 11 во продажба од 20.септември: Повеќе камери, повеќе бои и помала цена

Apple го претстави новиот iPhone 11. Кампањата најави три нови изданија : iPhone 11 ...