Продолжува кампањата Skopje Streets на есенската колекција од Алшар

По првиот дел од кампањата за есенската колекција насловена Skopje Streets на модната дизајнерка Силвија Михајловска (погледнете – ТУКА), следува вториот дел.

При фотосесијата, тимот на Алшар повторно се забавуваше. Силвија креираше нови, урбани креации, Iva Creativa беше инспирирана и црташе, а моделот Маја Илиоска се забавуваше додека позираше пред објективот на Крсто Златков.

Инаку, колекција е со црно бели тонови збогатени со „анимал“ принт и со цртежи инспирирани од Keith Haring.

Погледнете ги новите креации.

 

x

Check Also

Топ 4 комбинезони од летната колекција на Massimo Dutti

Ги сакаме комбинезоните зашто со нив не размислуваме многу со што ќе ...