Продолжува ловот на цветни фустанчиња: Stradivarius има фенси модели

Доколку и вие во најдолгиот месец во годината сакате да внесете доза пролетна енергија, купете си фустанче со цветен принт и тоа по пристојна цена.

Зимата е долга, ќе почекаме до првите сончеви зраци и до мигот кога ќе ги соблечеме палтата, но до тогаш може да се „утешиме“ носејќи повесели материјали на себе. Материјалите со цветен принт, како и изборот на гардероба во посветли и посилни бои, внесуваат позитивно расположение и кај оние кои ги носат, но и во очите кои се вперени кон нив.

Во Страдивариус најдовме повеќе модели на цветни фустанчиња со различна должина. Но и идеи како да ги комбинираме мини фустанчињата за дневна варијанта – тие може да се носат и со тесни панталони или хеланки. Фустанчињата пак, со макси должина, пробајте да ги носите со нагласен ремен во силна боја, поубаво стојат. Проверете во фотогалеријата.

x

Check Also

Топ 5 трендовски есенски фустани со „анимал“ принт од STRADIVARIUS

Веќе е јасно, дури и за оние кои не ги следат модните ...