Продуцентите понудиле милионска сума на пари за Меган Маркл да се врати да глуми

Британскиот Daily Mail објави дека NBC е подготвен да издвои неверојатна сума на пари за Меган Маркл, барем на неколку минути, повторно да заигра во серијата ‘Suits’ со која се прослави. 

Преговорите со кралското семејство околу можната соработка со Маркл, наводно веќе се случиле. За само две минути, колкушто би била во кадар, продуцентите на војвотката од Сасекс биле подготвени да и исплатат милиони, а според британските портали целата сума би отишла во хуманитарни организации по изборот на Меган.

-Меган Маркл нема да се врати во хит драмската серија ‘Suits”, известува Harper’s Bazaar. Војвотката не планира да се врати на глумата дури ни на тие неколку минути колку што би траел кадарот.

37-годишната Маркл, која со принцот Чарлс на пролет го чека првото дете, во серијата требала да го глуми својот стар лик на Рајчел, која исто така го чека своето прво дете.

Анонимни извори тврдат дека на војвотката и била понудена сума меѓу два и шест милиони долари, а дека сцената требала да се сними во Англија и снимањето би траело само половина ден.

Меган глумеше во серијата ‘Suits’ вкупно шест сезони, од 2010 година до веридбата со принц Хари, а последната епизода била прикажана лани во април, само еден месец пред нејзината свадба во дворецот Виндзор.

Познато е тоа дека поради бракот со принцот Хари, Меган на страна ја остави кариерата на глумица и ги угасна своите профили на социјалните мрежи по налог од кралското семејство. Затоа не е исклучена опцијата дека и оваа понуда Меган ќе мора да ја одбие, не затоа што не сака, туку затоа што мора.

x

Check Also

Џулија Робертс во стилот на убава жена, речиси 30 години после филмот

Речиси 30 години од премиерата на филмот „Убава жена“, Џулија Робертс продолжува ...