Прогласени најдобрите ресторани од кампањата Недела на храна #СкопјеГурман

Водечката компанија за е-трговија, Grouper.mk неодамна ја организираше најголемата кампања за ресторани во Македонија која го претвори Скопје во најгурманско место до сега, насловена како Недела на Храна #СкопјеГурман. Во кампањата земаа учество над 60 ресторани кои ги понудија своите специјалитети по промотивни Grouper цени достапни за сите гурмани преку над 100те објавени зделки.

Најдобра салата – Forza Bar & Restaurant

Кампањата Недела на Храна #СкопјеГурман ја организираме по трет пат, а секако секоја година се стремиме да биде подобра од претходната. Така оваа година, покрај најбогата понуда од над 100 гурмански зделки овозможени од над 60 ресторани, организиравме и гласање за избор на најдобрите ресторани од Grouper заедницата во 8 категории и фото натпревар за корисниците со соработка со Делимано преку кој ќе бидат наградени најдобрите 10 фотографии со Делимано подароци. За време на кампањата беа купени над 16.000 купони од страна на над 3500 корисници. Резултатите и feedback-от од корисниците потврдија дека Недела на храна претставува вистински гурмански водич за скопските локали и можност да се посетат и откријат нови вкусови и ресторани по непобедливи промотивни цени.” – раскажува Нина Ангеловска, генерален менаџер на Grouper.mk

Најдобра пица- Венето во Сити мол Скопје

Недела на Храна #СкопјеГурман беше организирана преку 7 дневно мени составено од: паста и пица, бургери, скара и специјалитети од месо, десерти, hangover појадок, азиска храна и салати и мезе. Секој ден во текот на неделата на храна беа пласирани бројни зделки во соодветната категорија од различни ресторани. Рокот во кој можеа да се вкусат специјалитетите понудени од различните ресторани траеше повеќе од еден месец, кога сите можеа да се впуштат во дегустации и посета на нови места во градот. Најатрактивната категорија од менито беа бургерите каде понудата на 15 зделки резултираше во над 4.000 продадени и вкусени бургери. Најпродавана зделка беа ќебапчињата од Тетекс кои достигнаа 1169 продажби, односно над 10.000 продадени ќебапчиња за помалку од 10 дена.

Најпродавана зделка беа ќебапчињата од Тетекс

За кампањата да биде повозбудлива и рестораните да се натпреваруваат во понудениот квалитет, Grouper.mk организираше гласање на најдоброто од кампањата, при што Grouper заедницата гласаше за најдобриот ресторан во секоја категорија.

Победниците беа изненадени со посета на тимот на Grouper (на видеото може да ја видите нивната приказна) и добија официјално признание, кое се надеваме дека ќе ги охрабри да продолжат со добра работа и квалитетна услуга и храна.

Најдобар бургер – Рок Кафана Рустикана 2.0

 

Ова се победничките ресторани со најголем број гласови одбрани од над 2000 гласачи :

  • Најдобар бургер – Рок Кафана Рустикана 2.0
  • Најдобра пица – Veneto City Mall
  • Најдобра паста – Кај Џино
  • Најдобра скара – Скопски фенери
  • Најдобар десерт – Радост
  • Најдобра салата – Forza Bar & Restaurant
  • Најдобар појадок – Скопски фенери
  • Најдобар Азијски специјалитет – SushiCo

Најдобра паста – Кај Џино

Најдобар Азијски специјалитет – SushiCo

Најдобар појадок – Скопски фенери

Најдобар десерт – Радост

 

Наградувањето на гурманите кои се вклучија во Фото Натпреварот од кампањата допрва ќе биде објавено, а можност да се вклучите во истиот имате до 15ти Јули. Најдобрите и најгурмански фотки ќе бидат наградени со Делимано подароци, соодветни за секој љубител на добра храна. До сега во натпреварот учествуваат над 300 фотогрaфии од вкусните зделки поставени на Instagram и Facebook со хаштагот #СкопјеГурман.

Честитки до победничките ресторани и сите учесници во кампањата кои ги отворија своите врати за голем број нови гурмани и честитки до тимот на Grouper за уште една успешна кампања.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

x

Check Also

Руралните жени од Росоман во расчекор помеѓу традициите и сонот за современ живот 

Руралните жени од Росоман сакаат да бидат економски независни. Врз основа на податоците на ООН, жените на планетата главно не поседуваат земја, но главно  ја обработуваат, немаат капитал, но работат повеќе за по ...