Производи неопходни за женското здравје – Јогурт против вагинални инфекции, авокадо против стареење

Жените живеат со забрзано темпо, водат сметка за семејството, за воспитувањето на децата, пазарат, го одржуваат домот, готват и одат на работа. Со таквиот забрзан начин на живот, често го запоставуваат сопственото здравје.
Физичкото и психичкото здравје се во директна врска со начинот на исхраната.
Со правилен избор на храна може да се зајакнат коските, да се зголеми енергијата и да се дејствува превентивно на појавата на голем број болести.

Грчки јогурт. Во споредба со обичниот јогурт, грчкиот јогурт содржи помалку маснотии и повеќе калциум и протеини, што се неопходни за здрави заби, ги зајакнува мускулите и ги зацврстува коските. Со редовно консумирање на грчкиот јогурт ќе го подобрите варењето и ќе ја спречите појавата на гасови и подуеност. Исто така, некои истражувања покажаа дека грчкиот јогурт дејствува превентивно на појавата на ракот на дојка, чир на желудникот и вагиналните инфекции.

Грав. Гравот содржи висок процент влакна, протеини и флавоноиди, а малку маснотии. Исхраната богата со грав може да ви помогне при слабеењето, регулирањето на нивото на шеќерите и да дејствува врз срцевите заболувања и ракот на дојката. Исто така, гравот има позитивна улога во регулирањето на хормоните. Овој производ е добар и за бремените жени затоа што е богат со фолна киселини.

Спанаќ. Спанаќот изобилува со важни хранливи материи, како што се железо, калциум, фолна киселина и витамините К, Ц, Е и Б. Покрај тоа, спанаќот е богат со амино киселини, антиоксиданти и силни фитохемикалии што се значајни за здравјето на жените. Спанаќот е одличен за здравјето на срцето, кожата, коските и црниот дроб.

Домати. Доматот е богат со липокен, антиоксидант што дејствува превентивно на појавата на ракот на грлото на матката и ракот на дојката и затоа е задолжителен производ на менито кај жените. Покрај тоа, липокенот ја штити кожата од штетните сончеви зраци. Полифенолот од доматот влијае позитивно на срцето.

Јагоди. Јагодите содржат многу витамин Ц и калиум, па се одлични за зајакнување на имунитетот. Моќните антиоксиданти во јагодите го штитат срцето, ги ублажуваат брчките, го подобруваат видот, ги намалуваат воспаленијата и го намалуваат ризикот од уринарни инфекции.

Лосос. Омега-3 масните киселини влијаат позитивно на здравјето на мозокот и на васкуларниот систем. Лососот е одличен извор на омега-3 масни киселини, што се препорачуваат во бременоста, а може да го поправат расположението и штитат од Алцхајмерова болест. Лососот е нискокалоричен и содржи високо ниво на витамин Д.

Бадеми. Овие јаткасти плодови содржат голем број хранливи материи – протеини, добри масти, калциум, фосфор, цинк, бакар, селен, фолна киселина, витамини Е и А. Бадемите може да го намалат лошото ниво на холестерол, го подобруваат сонот, дејствуваат превентивно на срцевите заболувања. Покрај тоа, бадемите може да ви помогнат да ослабнете.

Авокадо. Ова е еден од најдобрите производи против стареење за жените. Авокадото содржи добри масти, антиоксиданти и фитонутриенти што дејствуваат поволно врз мозокот, ја спречуваат појавата на брчките и ја прават кожата поздрава.

Маслиново масло. Маслиновото масло дејствува превентивно на појавата на ракот на дебелото црево, дојка и кожа. Здравите состојки од маслиновото масло го намалуваат крвниот притисок и ги спречуваат срцевите заболувања. Покрај тоа, маслиновото масло има силни антивоспалителни дејства и може да ги намали тегобите настанати како последица на хроничните заболувања.

Темна чоколада. Овој деликатес е богат со антиоксиданти и посебно им се препорачува на жените. Таа е одличен начин за да го држите под контрола апетитот, а има и многу хранливи материи. Флавоноидите што се наоѓаат во темната чоколада го чуваат здравјето на артериите и го намалуваат ризикот од срцеви заболувања. Серотонинот во чоколадата го подобрува расположението, а мошне се здрави и другите состојки од овој десерт – магнезиум, манган, бакар, цинк и фосфор.

x

Check Also

МЕТЕО СО СЛАВЧО&ЗДРАВЈЕ: Следува значителна промена на времето, внимавајте на недостатокот на енергија!

Во последните десетина години сме сведоци на нагли промени на времето. Сезоните ...