Модната марка КТЗ (KTZ) со седиште во Лондон ја распламти модната игра на неодамнешната лондонска модна недела презентирајќи ја колекцијата за пролет/лето 2015 година.
Главната тема беше играта со белата и црната боја преку принтот, геометриските форми, впечатливите огромни ѓердани и конусните шапки.
Македонскиот дизајнер Марјан Пејоски, кој стои зад потписот на оваа модна марка, објаснува дека станува збор за „античка и модерна колекција во исто време“.