Пролет 2019: Што научивме од уличната мода

Веќе е јасно дека креативците на модата и граѓаните кои се шетаат низ улиците на големите градови, Лондон, Париз, Милано, Њујорк, Токио, за време на модните недели, ќе ни го покажат најдоброто од сезонските трендови. Доминираа измешаните стилови – на пример, масивни патики во комбинација со елегантна облека, создавајќи релаксирана, но шик атмосфера. Се носат предимензионирани и „дебели“ обетки, предимензионирани блејзери со дебели ремени, цветни и пастелни фустани во комбинација со тексас јакни, а „анимал“ принтот е насекаде.

Љубителите на модата ни покажаа дека треба да си играме со силните бои, но и дека флуоресцентните нијанси се во тренд, додека класичарите покажаа безбедност во комбинирањето на еднобојните модни парчиња. Шминката е минимална, во неутрални тонови од кои доминира „nude“ (боја на кожа) нијансата.

Сафари тренд

Сафари трендот на голема врата се врати во уличната мода. Кафените тонови се комбинираат заедно во различни нијанси. Модните парчиња пак, се „кежуал“, но одлично искомбинирани – кафена кошула со кафена сукња на преклоп. Чевлите се воглавно рамни. Не заборавајте на деталите – бисер, предимензионирани обетки и шал или марама.

Бои

За среќа, оваа пролет имаме повеќе избори – на пример, еднобојни комбинации од глава до пети, потоа еднобојни комбинации „разбиени“ со чевли во силна нијанса, комбинации со игра на различни бои и модни парчиња во неутрална нијанса во комбинација со флуоресцентни блузи и дуксери.

Анимал принт

Трендот анимал принт не само што останува во игра, туку зема нов залет – без разлика дали станува за змијски, леопрад принт, потоа популарниот „крава“ принт, зебра, тигарски принт итн. Класичниот леопард принт сепак, доминира на улиците на модните метрополи, а вистинско освежување е „анимал“ принтот во силни бои како жолта, сина, зелена.

 

Предимензиониран тексас

„Скини“ џинсот е далеку помалку застапен во сезоната пролет 2019. Овојпат фармерките (без разлика на нијансата на тексасот) се широки и комотни за носење, а тексас јакните се супер-големи што личат како да се позајмени од некој кој носи барем два конфекциски броја повеќе од нас. Ефектот на „крпеница“ врз тексасот е во игра, заедно со драматично „излитените“ рабови.

 

x

Check Also

Уште седум дена до отворањето на првиот Retail Park во Македонија

Како што веќе најавивме, Скопје на 18.07 го добива својот прв Retail ...