Пролет/лето 2019 со LEVI’S®RIBCAGE – фармерки кои нè носат во времето на Кетрин Хепберн

Levi’s ја започнува новата сезона со фармерки со ултра висока половина, новиот модел Levi’s Ribcage. Овие фармерки нè носат во времето на Кетрин Хепберн и се одлични за да се долови винтиџ изгледот на модните икони од минатото, но и и на денешните стилски освестени жени кои сè почесто сами ги пренаменуваат своите 501 фармерки во модел со висока половина за перфектен тексас изглед.

Levi’s® Ribcage е одличен модел кој го доловува духот на целата сезона, односно темата “Unbasic” – прослава на личниот стил и само изразувањето. Уметнички микс на современоста и автентичната естетика на Levi’s, кој доаѓа во модел со прав крој и со скратени ногавици. Модел за напредно модно стилизирање кое во еден дел го задржува и класичниот Levi’s изглед.


x

Check Also

Капчиња и сламени шапки за лето 2019, еве каде да ги купите најубавите модели

Еден од најпотребните модни додатоци за топлите денови, покрај очилата за сонце, ...