Пролет/лето 2019 со новата колекција на PINKO

Ангелот на Викторија сикрет, Марта Хант, позира во новата кампања на италијанската модна марка PINKO.

Пред објективот на Симон Фалчета, русокосата убавица ги презентира клучните модели од колекцијата дизајнирана за сезоната пролет/лето 2019.

Инспирацијата е од 70-те години, а акцнетот е на гламурните модни парчиња со високо сјајни материјали.

Според дизајнерите од PINKO, потоплите денови ќе продолжат да бидат во знакот на „анимал“ принтот, карираните материјали, а новина се глитер модните комбинации во металик нијанси.

Од палетата на бои доминираат металик-сивата и виолетовата. Колекцијата е збогатена и со модни додатоци – чанти, качкети и впечатливи ремени.

x

Check Also

12 „кежуал“ модни парчиња од Springfield вредни за внимание

Се подготвуваме за зимската сезона со лежерни модни парчиња од омилените – Springfield. ...