Пролет со модните додатоци и чевли од Mango

Манго ја најави својата пролетна колекција посветена на модните додатоци, во која може да се најдат и неколку чифта обувки.

Колекцијата е во знакот на елеганцијата и минимализмот и уште еднаш ја оправдува „титулата“ на Манго за најпопуларна модна куќа на Инстаграм. Не се сомневаме дека светските модни блогерки со задоволство повторно ќе ги покажуваат (и фотографираат) овие модни додатоци кои ни ја носат пролетта.

Покрај кожените сандали, трендовските каубој чизми, чевлите со впечатлива потпетица, тука се и обетките од месинг во најразлични форми, додека чантите се елегантни и практични во неутрални бои, па лесно се комбинираат со секоја облека.

Погледнете ја фотогалеријата.

x

Check Also

Додајте шик стил на секојдневната облека! Надградете го вашиот стил со модни додатоци и Huawei Watch GT 2 Pro

Паметните часовници во последно време стануваат сѐ попопуларни, главно поради нивната разновидност ...