Пролет во духот на 70-те години

Потоплите денови ќе не вратат во минатото, а очекувани трендови на улиците се широките панталони, комбинезоните и хипи фустаните.

ft1

Веројатно забележивте дека добар дел од колекциите за пролет 2015 се инспирирани од 70-те години. Од Гучи до Пучи, стилот на 70-те години доминираше на модните писти до толку што на миг можевме да заборавиме во која година всушност загазуваме.

Новата изложба поставена во ФИТ музејот е посветена на двајца од најистакнатите дизајнери кои го обележаа тоа време, Ив Сен Лоран и Халстон, а темата е модните движења во 70-те години. Изложбата ќе биде отворена на 5 февруари.

ft2

Но да се потсетиме кои беа најзначајните трендови на 70-те години. Пончото, отворените нагласени деколтеа, широките панталони, чантите со реси, комбинезоните, хипи фустаните, марамите, големите очила за сонце. А водечки „виновници“ за целиот овој тренд беа токму Сен Лоран и Халстон.

ft4

Чевлите на висока платформа, колку и да не се женствени, повторно ќе бидат задолжителни обувки. Римјанките со високи врвки без потпетица. Платнени чизми со реси. Во игра се и машките чевли на платформа. И кломпите за полежерна варијанта.

x

Check Also

Повеќе харизма во личниот стил, со помош на додатоци

За многумина, зборот „стил“ претставува термин резервиран за изглед како од списанија ...