Пролет во карирани модни парчиња со MANGO

Омилената „хај стрит“ модна марка MANGO ни ги донесе пролетните модни парчиња, а карираните материјали – на наше задоволство – и годинава остануваат во модна игра.

Така, во новата колекција на Манго која е достапна во продажба, најдовме интересни модели на карирани панталони, сукњички и палта.

Кај панталоните доминираат моделите кои се со должина до глуждовите, отворајќи ни бројни можности за комбинација со обувки по желба – ниски чизмички, рамни сандали или пак салонки со висока потпетица, во зависност од приликата. Карираните панталони (не треба да спонемуваме нели) во сезоната на преодните денови одлично стојат со блуза со ролка.

Во линијата на здолништа, вниманието ни го привлекоа преслатките мини карирани сукњички. Супер се комбинираат со високи чизми, со „кежуал“ модни парчиња, а во првите денови на пролетта ги носиме и со кожени патики.

Модните парчиња од пролетната колекција се достапни и во онлајн-продажба на официјалната шопинг страница на Фешн Груп – ТУКА.

Во продолжение, погледнете ги нашите Манго карирани фаворити.

 

x

Check Also

Папаз во Сараево пречекан со голем аплауз за модната ревија од лимитираната колекција Три

Македонскиот моден дизајнер Папаз предизвика големо внимание во Сараево со неговата луксузна ...