Пролет во светло-жолта нијанса со колекцијата на &Other Stories

Еден ден не дели од официјалното пристигнување на пролетта, а модната марка &Other Stories не почести со нов едиторијал во кој ја претставува новата пролетна колекција со акцент на жолтата нијанса.

Акцентот е на романтичните фустани и на проѕирните кошули во жолта боја кои одлично „стојат“ и со фармерки, како и со здолниште со миди должина. За деловна атмосфера одлични се жолтите сакоа кои може да се носат посебно или во комбинација со жолти панталони. За комплетирање на изгледот – жолто од глава до петици, тука се и жолтите сандали-папучи.

Погледнете ги најубавите модни парчиња од новата колекција на &Other Stories.

x

Check Also

Ексклузивните производи на Fashion Group поблиску до вас – отсега и преку мобилна апликација

Светските брендови Desigual, Diesel, Geox, Guess, Inuikii, Levi’s, Mango, Parfois, Premiata, Replay, ...