Пролетен ручек: Тортиљи со зеленчук и мелено месо

Превкусен рецепт за пролетен викенд ручек.

За да ги подготвите тортиљите со зеленчук потребно ви е – 4 тортиљи, 400 грама мелено месо, зелена пиперка, пола главица зелка, главица кромид, чен лук, 150 мл кечап, сол, црн пипер, маслинов зејтин и мајонез по желба.

Подготовка

На масло испржете го ситно исечканиот кромид, додадете го месото и динстајте со постојано мешање. Потоа, додадете го испасираниот лук, кечапот, солта и црниот пипер.

Зелената пиперка и зелката исечкајте ги. Тортиљите згреј те ги во рерна, наполнете ги со смесата од месо и исечканиот зеленчук. На крај додадете мајонез по желба.

x

Check Also

Ова е највкусниот десерт од јагоди (и гриз) во чаша!

Се подготвува брзо, а ваков гриз сеуште не сте пробале. Од состојки ...