Пролетен специјалитет од зеленчук кој го забрзува метаболизмот

Пролетта е вистинско време за дегустирање на специјалитети од зеленчук. Не само што се нискокалорични и здрави, а превкусни, туку се и одлични сојузници на секоја диета.

specijalitet 456

Зошто диетата да ви биде здодевна кога би можеле да си поиграте со вашето мени додавајќи лесни, нискокалорични оброци кои содржат многу зеленчук. Ако ви е преку глава од класичните салати (па дури и оброци) приготвени од варен зеленчук, пробајте го овој специјалитет кој е добар сојузник на секоја диетална и здрава исхрана.

Потребни ви се – 3 краставици, 2 модри патлиџани, 2 пиперки, 2 главици кромид, 3 големи домати, 4 лажици маслиново масло, 1 лажица сушена мајчина душичка (или едно гранче), 2 чешниња лук, сол, црн пипер, морско оревче.

Подготовка

Измиената краставица исечете ја на кругови со дебелина од 1 сантиметар. Излупете го модриот патлиџан (оставајќи ја секоја втора лента неизлупена), исечкајте го на коцки. Измиената пиперка исечете ја на четвртини и извадете ги семките. И излупениот кромид исечкајте го на кругови. Доматот излупете го и исечкајте го на ситни коцки.

Маслото загрејте го во тенџере. Потоа, додадете го зеленчукот, промешајте и динстајте 3 минути. Посолете, додадете мелен црн пипер, морско оревче, мајчина душичка и лук.

Покријте го тенџерето со капак и динстајте на тивок оган 40 минути. Извадете ги чешнињата лук и послужете го топол специјалитетот со зеленчук.

Доколку не сте на диета, послужете го телешки шницли.

Одлично се „бакнува“ со чаша квалитетно црвено вино.

x

Check Also

Велигденски сладок куглоф

За велигденските празници ви го препорачуваме овој вкусен празничен куглоф. Од намирници ...