Првите сончеви зраци кои ја најавуваат пролетта, го најавуваат и вистинското време за почеток на една диета.
Ги сакаме пролетните диети кои не подготвуваат за летото, кои ги почнуваме навреме, кои се лесни и едноставни за држење, кои се разновидни, проверени и кои гарантираат резултати.
Со оваа, според многумина, најдобра пролетна диета ќе загубите пет до шест килограми за 14 дена. Со пауза од една недела, диетата може да ја повторите.
Седмодневно диетно мени
Понеделник
Појадок – омлет од 2 јајца, парче црн леб (тост), сок од цеден лимон со 1 лажичка мед
Ужина – 1 јаболко
Ручек – риба по избор (печена во рерна), 1 варен компир, парче интегрален двопек
Ужина – портокал
Вечера – варено пилешко месо, свежи ротквици, парче црн леб
Вторник
Појадок – парче проја и 1 лист шунка, чај со 1 лажичка мед
Ужина – цеден портокал
Ручек – варено телешко месо, зелена салата со прелив од маслиново масло и зачинета со лимон, 1 интегрален двопек
Ужина – банана
Вечера – два печени компири, мешана свежа салата оз зеленчук по избор, парче интегрален леб.
Среда
Појадок – 150 грама немасно сирење, парче црн леб (тост), цеден портокал (со лажичка мед)
Ужина – 2 киви
Ручек – чорба од блитва, пилешко месо варено со шака интегрален ориз
Ужина – 1 јаболко
Вечера – 100 грама варено јунешко месо, парче црн леб, кромид со зелена салата.
Четврток
Појадок – мусли со немасен јогурт со шака свежи брусници
Ужина – сок од грејпфрут
Ручек – пире од спанаќ со 1 интегрален двопек
Ужина – јаготки
Вечера – Риба на скара, интегрален двопек, зелена салата со маслиново масло и лимон.
Петок
Појадок – Варено јајце, парче интегрален леб, парче немасно сирење, сок од лимон
Ужина – шака суво овошје по избор
Ручек – чинија посна супа, варено пилешко месо и парче интегрален леб
Ужина – цреши
Вечера – 100 грама немасно сирење, салата од роткици, интегрално пециво по избор
Сабота
Појадок – корнфлекс со немасен јогурт, сок од портокал
Ужина – банана
Ручек – ослиќ на скара, парче интегрален леб, салата од ротквички
Ужина – портокал
Вечера – омлет од 2 јајца, 1 интегрален двопек со немасно сирење, домати
Недела
Појадок – парче интеграен двопек со малку мед, филџан зелен чај
Ужина – 1 јаболка
Ручек – чорба од зеленчук, 1 интеграен двопек
Ужина – сок од портокал
Вечера – Варено пилешко месо, варен интегрален ориз (1 шака), млад кромид
Диетниот 7-дневен режим се повторува, по желба и потеба, последователно уште една седмица со истото разновидно мени.
Во диетата се препорачува – 2 литра вода дневно, цеден сок од лимон со засладувач, до 3 кафиња дневно со засладувач, зелен чај.