Пролетна колекција на ZARA инспирирана од војничкиот стил

Колекцијата Zara SRPLS е и оваа година тука, дизајнирана за сезоната пролет/лето 2019.

Колекцијата инспирирана од војничкиот стил која првпат беше лансирана минатиот ноември, повторно се враќа во продавниците на Зара со нови модни парчиња. Шпанската модна марка се фокусира на зелената и кафената нијанса како и на препознатливите војнички шари.

Колекцијата содржи панталони, јакни, кошули, комбинезони, здолништа и фустани, а од модните додатоци тука се ремените, капчињата и рамните сандали.

Во продажба ќе биде од 7ми мај.

x

Check Also

Кендал Џенер е ѕвезда во кампањата Giambattista Valli x H&M

Лансирана е кампањата Giambattista Valli x H&M, а долго очекуваната колекција ќе ...