Пролетна колекција од ZARA инспирирана од Мароко (ФОТОГАЛЕРИЈА)

И годинава, за промоција на пролетната колекција, модната марка ZARA го ангажираше тимот што победува – Фабиен Барон и Стивен Меисел, додека стајлингот е дело на Карл Темплер.

Во пролетната кампања се најдоа повеќе популарни модели – Виторија Черети, Лекси Болинг, Вероника Кунц, Аманда Марфи и Ениелина Роза.

Колецијата е инспирирана од естетиката на Мароко, доминира неутралната палета на бои, а од материјалите најзастапени се природните кои се пријатни за носење во сезоната на потопли денови – памукот и ленот.

Интересни де се детаљите инспирирани од марокнаската традиција и акцентот е на везот, а вистински зачин е предимензионираниот накит, плетените сандали, украсите за коса и металните чанти украсени со камчиња.

Погледнете дел од пролетната колекција на Зара во продолжение.

x

Check Also

Панталони и фустан во зелена боја од MANGO, ги сакаме оваа пролет!

По тмурните зимски денови, подготвени сме првото пролетно сонце да го дочекаме ...