Пролетната колекција на Александар Ванг во пред-продажба

Дел од колекцијата на Александар Ванг за пролет 2015 е достапна во пред-продажба до 22 септември.

v11

На неодамна одржаната модна недела во Њујорк, Александар Ванг импресионираше со таканаречената енергетска колекција за следната пролет, а дел од колекцијата е веќе во пред-продажба до 22 септември на сајтот Мода Операнди.

Цените се движат од околу 500 долари за шорцеви до околу 5.000 долари за фустани и 1.300 долари за ранци и чанти.

Интернет сајтот Мода Операнди зема депозит за нарачките и гарантира испорака меѓу 15 февруари и 15 април 2015 година.

 

x

Check Also

Тајните ерогени зони на хороскопските знаци

Секој хороскопски знак има најмалку една или две скриени ерогени зони на ...