Пролетната „плус сајз“ колекција на MANGO го слави женското тело во сите конфекциски броеви!

Колекцијата на Манго дизајнирана за различни конфекциски броеви, а наменета за сезоната пролет/лето 2019, е вистински празник за очите! Особено убави се фустаните во живи бои и весели принтови. Панталоните се во пастелни нијанси.

Понудата на фустани кои ќе ги истакнат женските облини и ќе ја стават женственоста во преден план, навистина е богата. Популарни се моделите кои на струкот имаат ремен или врвца кои визуелно го стеснуваат струкот, а ги нагласуваат колковите и деколтето.

Меѓу нашите фаворити е макси фустанот се леопард принт кој може да се носи и во дневни и во вечерни пригоди, како и жолтиот фустан со миди должина и нагласен струк кој совршено „стои“ со сандали на висока потпетица.

Комбинезонките се овојпат вистинско изненадување – моделите се прикадни за дневни излегувања, но има и неколку модели за свечени пригоди. Кај панталоните пак, изборот е исто така широк – предност им даваме на пастелните бои, а особено ни се допаѓаат минт-зелените панталони со широк крој.

x

Check Also

Кендал Џенер е ѕвезда во кампањата Giambattista Valli x H&M

Лансирана е кампањата Giambattista Valli x H&M, а долго очекуваната колекција ќе ...