Пролетта е пред нас, па време е да погледнеме какви ќе бидат модните трендови за сезоната. Еден од модните трендови е секако маслинесто-зелената боја.
Значи, ќе ја носиме оваа боја во различни „кежаул“ варијанти. А BERSHKA во пролетната колекција ни нуди голем избор на модни парчиња во маслинеста нијанса, од јакни до панталони и комбинезонки.
Цените се пристапни, а моделите ги задоволуваат најразличните вкусови.
Во фотогалеријата, пронајдете ја вашата модна инспирација.