Пролетни сандали со висока потпетица од ZARA за секоја модна комбинација

Пролетната колекција на ZARA изобилува од модерни модели на сандали со висока потпетица кои се практични за комбинирање и лесни за носење.

Доминираат сребрените и белите нијанси, но тука се и класичните црни сандали украсени со проѕирни детали, светки или чипка.

И кај потпетиците избор има за секого – од умерено висока до висока потпетица, тенки „стилето“ потпетици или удобна платформа.

Проѕирните елементи се во тренд, па така ги наоѓаме во повеќе од моделите.

Погледнете го нашиот избор.

x

Check Also

Ова се најпосакуваните сандали на Амазон за пролет/лето 2019

Според критериумот сандали кои може да ги носите секаде, од утро до ...