Промоција на книга | Нашиот пат: 25 женски приказни од историјата

Здружението за промоција на женската активност Тиииит! Инк. – Скопје со задоволство ве поканува на промоција на книгата „Нашиот пат: 25 женски приказни од историјата“ во авторство на Ивана Хаџиевска, Јана Коцевска и Ивана Драгшиќ, која ќе се одржи во петок, 1 октомври во 13:00 часот во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје.

 „Нашиот пат“ е водич по културната, политичката и географската траекторија на Северна Македонија, во чијшто тек учествувале оние 25 жени чии приказни се содржани во книгата. Книгата зборува за жени кои замислиле подобар заеднички свет и дејствувале активно; го создавале тој свет на воениот фронт, во науката или во социјалниот живот: курирки на народните движења, неформални министерки за социјална правда, партизанки, политичарки, писателки, уметници, први индустриски работнички, културни работнички, борки за човекови права, но и антагонистички мисионерки.
Оваа книга е реализирана во рамките на проектот Women on women / „Жени за жени“ (WoW) и се фокусира на родовата еднаквост преку феминистичката перспектива, следејќи го наследството на жените од позицијата на различни социјални и културни средини. Терминот жени, означува жени, трансродови и интерсекс луѓе.
Проектот испробува нови модели на солидарност и размена на знаење помеѓу различните заедници и истовремено ги слави достигнувањата на жените со номинации, портрети, колективни перформанси, изработка на друштвени игри и уметнички интервенции во јавниот простор, како и преку развивање уметнички програми кои ја одразуваат културната разновидност и реалноста на современите општества.

Овој проект е поддржан од Програмата Креативна Европа на Европската Комисија, ФРИДА – фонд за млади феминистки, Министерство за култура на Република Северна Македонија и фондацијата Квина тил квина. Здружението за промоција на женската активност Тиииит! Инк. – Скопје. го спроведува проектот заедно со Mesto žensk од Љубљана, VoxFeminae од Загреб и Outlandish Theatre Platform од Даблин.

x

Check Also

Внимавајте со диетите: Метаболизмот е побавен со секој загубен килограм!

Најтешко слабеат оние кои сакаат да „симнат“ малку килограми, поточно 2 – ...