Авионот е пронајден, но од исчезнатите патници сеуште нема ни трага.
Авионот кој на 4 јануари мистериозно ја загуби трагата во Венецуела и беше прогласен за урнат, пронајден е од прекуокеанскиот брод „Дип си“ во водите северно од архипелагот Лос Рокуес.
Авионот во кој патуваше Мисони, неговата партнерка Маурициа Кастиљони, пријателите Гвидо Форести и Елда Скалвенѕи и двајца членови на екипажот, полета од Лос Рокеус на 4 јануари и набргу исчезна.
Иако авионот е најден пред недколку дена, сеуште не е извлечен од океанот. За сега нема ниедна информација за патниците.