Протеини и витамини во млекото – енергија и здравје во чаша млеко

Една од главните хранливи состојки што го прават млекото исклучително важно за здравјето на организмот се протеините. Имајќи предвид дека една чаша кравјо млеко содржи 8 грама протеини, додека сојата содржи 7 грама, а бадемот содржи само 1 грам, кравјото млеко е најдобриот извор за оваа хранлива материја.

Протеините во млекото се поделени во две групи: казеин и протеин од сурутка. Протеините од двете групи се исклучително богати со важни аминокиселини и многу лесно се варат, што повторно ја потврдува врската што ја имаат млекото и здравјето.

Казеин – здравствени придобивки

Казеинот е протеин кој доминира во млекото (80% од протеините во млекото припаѓаат на оваа група). Она што е исклучително важно за казеинот е неговата способност да ја зголеми апсорпцијата на важни минерали како што се калциум и фосфор.

Протеин од сурутка – ефект врз мускулната маса

Протеините од сурутка зафаќаат 20% од вкупната вредност на протеините во млекото. Овој протеин е, исто така, богат со аминокиселини но сепак, она што го прави протеинот од сурутка особено важен е фактот дека многу придонесува за растот и одржувањето на мускулната маса. Самото млеко е исклучително ефикасно за обновување на мускулите и на мускулната маса, го намалува отокот по вежбање и ја зголемува силата.

Витамини во млекото

Освен што млекото во својот состав ги има протеините, уште ги содржи и витамините А, Д и Б комплекс, чија улога во телото е повеќекратна. Но, исто така има и млека, како што е Битолското млеко со 10 витамини чиј состав е дополнително збогатен со витамини. Така, со консумирање на ова млеко, покрај основните нутритивни состојки, се внесуваат уште и 10 неопходни витамини како Д3, А, Е, Б12, Б9, Б1, Б5, Б6, Б7 и Б3.

Улогата на витаминот Д3 покрај што е важна за правилна и максимална апсорпција на калциумoт, уште влијае и врз подобрување на имунитетот. Витаминот Б12 влијае врз одржување на здрави црвени крвни клетки, за здрав имунолошкиот систем помага Б6, витаминот А влијае за одржување на нормалниот вид и здрава кожа, а со витаминот Б2 храната се претвора во енергија. Улогата на витаминот Б5 е регенерација на телото и надминување на заморот а Б3 дава сила и енергија.

x

Check Also

Зошто да користите морска сол?

Морската сол содржи повеќе од 80 состојки кои позитивно влијаат на здравјето, ...