Proud меѓу 12-те песни кои можат да победат на Евровизија

Популарното музичко списание „Билборд“ предвидува кои песни би можеле да победат на годинешниот Евросонг. Меѓу 12-те фаворити се наоѓа и песната Proud на македонската претставничка Тамара Тодевска.

Евровизискиот натпревар за најдобра песна започна вчера, во Тел Авив, а ќе продолжи в четврток – ден кога ќе настапува и нашата претставничка Тамара Тодевска. Топ 10те песни од вчерашната вечер и топ 10те песни од натпреварот кој ќе се одржи в четврток, продолжуваат во финалето (во сабота, на 18-ти мај), заедно со веќе пласираните земји Израел, Италија, Шпанија, Германија, Франција и Велика Британија.

„Тешко е да се предвиди победникот, но ова се 12-те фаворити за кои мислиме дека имаат најголеми шанси да победат во сабота“, пишува Билборд.

12.

Инди поп бендот Lake Malawi со песната Friend of a Friend, претставници на Чешка.

11.

“Proud,” Тамара Тодевска

-Ова е прва година како поранешната југословенска република ќе настапи под името Северна Македонија. Претходно позната како  Former Yugoslav Republic of Macedonia, земјата првпат учествуваше на Евровизија во 1998. Најдобриот пласман беше 12-то место во 2006 година со песната „Нинанајна“ на Елена Ристеска. Ако Тамара Тодевска се квалификува за финалето со нејзината песна, објавена на 8ми март за да го обележи Интернационалниот ден на жената, тоа ќе биде прво учество на Северна Македонија во големото динале од 2012 година, пишува „Билборд“.

10.

“Roi,” Билал Хасани, Франција

9.

“Chameleon,” Микела, Малта

8.

“Zero Gravity,” Кејт Милер Хејдке, Австралија

7.

“Scream,”Сергеј Лазарев, Русија

6.

„Truth,” Chingiz, Азербајџан

5.

Spirit in the Sky, KEiiNO, Норвешка

4.

“Soldi,” Махмуд, Италија

3.

“She Got Me,” Лука Хани, Швајцарија

2.

“Too Late for Love,” Џон Лундвик, Шведска

1.

“Arcade,” Дункан Лоренс,  Холандија

 

x

Check Also

Мистериозна клупска забава за сите сетила

Со воведувањето на едно невообичаено искуство уште во 2017 година, Neuland платформата која ...