Проверете која диета е најдобра за вас

Со пресметувањето на биоритмот ќе откриете нешто ново за исхраната и така ќе дознаете која диета за вас е најдобра за побрзо да загубите килограми.

Како да го пресметате вашиот биоритам? Запишете го денот и месецот вашето раѓање, па собирајте се додека конечно не добиете една бројка. На пример, ако вашиот роденден е на 13 август тогаш може да го пресметате својот број според следниов начин.

1+3+8=12

1+2= 3

Во тој случај вашиот биоритам број ќе биде 3.

Биоритам 1

Овој број е најпробирлив и личностите се такви кога е во прашање храната. Тие сакаат се што е најдобро во животот, па оттука ја сакаат само квалитетната храна и ексклузивните јадења. На овој број на биоритам најефикасни се диетите во кои доминира зеленчукот и тие мораат да бидат ригорозни диети. Идеална диета – Данска диета. Како да ја држите данската диета прочитајте – ТУКА. 

Биоритам 2

Овие луѓе ги сакаат сите видови на слатки. Обично имаат чувствителен желудник па треба да избегнуваат премногу зачинета храна. Нив им се препорачува диета со храна во жолта боја – компир, пиперки, тиква, банана. Оттука, најефикасна диета за нив е диетата со тиква. Како се држи оваа диета прочитајте – ТУКА.

Биоритам 3

Припадниците на оваа група постојано се борат со вишокот на килограми. Сакаат тестенини, леб, шпагети, пити, лазањи и слични јадења, но сепак за да загубат килограми токму од тестенините треба да се откажат. Нив им одговара протеинска диета, односно дукан диетата. Повеќе за дукан диетата прочитајте – ТУКА.

Биоритам 4.

Луѓето од оваа група се многу скромни кога во прашање е храната. Тие јадат само кога чувствуваат глад и не јадат премногу. Обично и немаат проблем со телесната тежина. Доколку сакаат да загубат некој килограм им се препорачува диета со храна во бела боја (млечна диета, диета на база на јогурт) или диета на база на јајца. Повеќе за диетата со јајца прочитајте – ТУКА.

Биоритам 5.

Вечни деца – тоа се луѓето од оваа група, секогаш се во чекор со трендовите и први го применуваат секој нов тренд во исхраната. Сакаат да готват нови јадења, да испробуваат нови рецепти, но сепак се пробирливи. Нив најмногу им одговара егозтична диета, а идеална е јапонската диета. Повеќе за јапонската диета прочитајте – ТУКА. 

Биоритам 6.

Луѓето од оваа група имаат голем апетит и гурмани се. И самите се многу вешти во кујната. Најважно за нив е убаво сервирана храна, многу вкусна и различна. За нив идеална е диетата хроно. Како се држи хроно диетата прочитајте – ТУКА. 

Биоритам 7.

Овие луѓе се љубители на вегетаријанска и макробиотичка кујна. Би требале да употребуваат овошје и зеленчук во големи количини доколку сакаат да ослабат. Идеална диета е диетата на Марк Битман. Повеќе за оваа диета прочитајте – ТУКА.

Биоритам 8.

Ова се луѓе кои уживаат во зачинета храна, а и луѓе кои сакаат да се напијат по некое виски. Обожаваат месо, но ако сакаат да изгубат килограми треба да практикуваат диета со јагленохидрати. Најдобрата диета со јагленохидрати ќе ја прочитате – ТУКА. 

Биоритам 9.

Родени гурмани и луѓе со голем апетит, не се воопшто пребирливи кога храната е во прашање. За нив најважно е само порцијата да биде голема и преполна. А овие луѓе им се препорачува диетата со мали почести оброци. Совршена диета за нив е Периконе диетата. Како се држи диетата Периконе прочитајте – ТУКА. 

x

Check Also

Најдобрите од првиот ден на ЕТУ Балканското првенство во триатлон во Охрид се закитија со медаљи

Македонската триатлон федерација со одлична организација на ЕТУ Балканското првенство во Охрид ...