Проверете колку всушност може да се здебелите за еден ден

Веројатно се обидувате да јадете релативно здрава храна и што повеќе да бидете активни. Но некои денови не можете да бидете дисциплинирани. На крај на краевите, сите понекогаш не можеме да им одолееме на искушенијата. И додека мислите дека сте го упропастиле вашиот процес на слабеење, треба да знаете колку максимално може да се здебелите за еден ден, и тоа кога воопшто не внимавате што и колку количински јадете.

За да добиете 1 килограм во еден ден, треба да внесете 3.5000 калории повеќе од вашата дневна потреба за калории. Просечната дневна потреба за калории е 2.000, што значи дека би требале да внесете околу 5.500 калории.

Како изгледаат 3.500 калории? Тоа се околу три чаши вино, 2 порции пилешеки крилца, 2 порции чипс, 2 парчиња торта од чоколада и 2 чаши газиран сок со шеќер. Тоа е многу храна, но ни тоа не е сосема доволно да внесете 3.500 калории.

Научните докази се дека тешко е да се добие 1 килограм за само еден ден, дури и ако цел ден се прејадувате. Денот на прејадување сигурно ќе предизвика надуеност и чувство на тежина следниот ден. Но ако веќе од следниот ден продолжите со вообичаената исхрана и дневна активност, не треба да се плашите за накачување на килограми.

x

Check Also

Што треба да појадувате ако сакате да слабеете?

Дали претпоставувате што треба да појадувате ако сакакте да слабеете? Макмода ви ...