Многу реткиот скапоцен прстен направен специјално за Адолф Хитлер следната недела ќе биде ставен на аукција, а се очекува да достигне цена од 100.000 долари.
Прстенот бил дизајниран за да ја краси раката на Адолф Хитлер, но иако бил во негова сопственост со сигурност не е потврдено дали воопшто некогаш го несел.
Направен од комбинација на злато и сребро и украсен со рубини, прстенот бил создаден од познатиот кујунџија Карл Бертолд кој бил фанатичен нацист и прочуен по тоа што ги истерал сите еврејски занаетчии од неговиот бизнис во Франкфурт кратко време откако режимот дојде на власт во 1933 година.
Бертолд лично му напишал писмо на Хитлер за да му објасни за протерувањето на Евреите од фирмата, но и дека од страна на еден партиски функционер е овластен да дизајнира прстен за него.
Прстенот го нашле американските војници во 1945 година, а еден од војниците го присвоил како сувенир пред подоцна да го продаде.
Неколку колекционери го поседувале овој прстен во изминатиот период. Последниот сопственик починал пред две години, па неговиот внук сега покажа интерес да го продаде.
Аукцијата ќе се случува во Александар хисторикал хаус која е позната по продажба на нацистички сувенири.