Прв концерт на Златко Ориѓански и Бени Шаќири утре во Македонска Филхармонија

Првиот концерт на Златко Ориѓански и Бени Шаќири со пријателитеќе се одржи утре (20 април) во Македонска Филхармонијасо почеток во 20:30 часот. Двајцата музичари ќе понудат едно сосема поинакво музичко издание. На концертот ќе бидат изведени сите  песни од албумот Добро утро госпоѓо“.

Ориѓански и Шаќири се долгогодишни соработници и како производ на соработката ќе го одржат својот прв концерт заедно со пријателите во Македонската Филхармонија.

Бени и Златко својата заедничка приказна ја започнаа со ,, Си беше еднаш и ,Генерале“, која стана дел од музиката за претставатаСолун град на духови“ на режисерот Слободан Унковски. Продолжија со Галена, Анице и со уште многу други песни кои публиката ќе има можност да ги слушне на 20 април.

Бени и Златко не најавуваат спектакал туку најавуваат вечер во која сите ќе уживаат. Картите се во продажба во Југотон и преку продажната мрежа на КУПИ КАРТИ ЗА СЕ“.

x

Check Also

„Светски ден на Вранецот“ ќе се одржи во Скопје на 5 октомври

Првиот „Светски ден на Вранецот“ ќе се одржи во Скопје на 5 ...