Прв нудистички ресторан се отвори во Париз

Неодамна во Париз се отвори нудистички ресторан во кој сите гости можат да уживаат во јадењето без да бидат облечени. Ресторанот наречен O’Naturel, е прв од ваков вид во Франција и воопшто во Европа, а на изненадување на многумина и може да се пофали дека е преополн.

Ресторанот е лоциран во 12-от арондисман на улицата de Gravelle. Покрај можноста да јадете голи, O’Naturel нуди врвни специјалитети од француската кујна и врвни француски вина. Стандардниот оброк чини околу 40 евра по лице.

Сепак, на гостите им се советува до ресторанот да стигнат облечени, па потоа да ја соблечат гардеробата.

x

Check Also

Одлична посетеност на промоцијата на Македонија како филмска дестинација на Канскиот фестивал

Голем број филмски професионалци го посетија македонскиот штанд на престижниот Кански фестивал ...